Пандев, Несторовски и Елмас прво ќе кажат каде ќе спијат, па ќе истрчаат на терен

Нема отстапување од тоа што е препорачано од Комисијата за заразни болести за било кој човек кој доаѓа од било каде, истото важи за сите - рече Филипче.

615

Кога нашите фудбалери ќе доаѓаат од Италија во Скопје за натпреварот Северна Македонија – Косово, ќе треба да потполнат здравствен локатор – карта за коронавирусот, како што од денеска ќе го прават и сите други кои доаѓаат од критичните региони – рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

Во Италија се тројца наши фудбалери, Горан Пандев, Илија Несторовски и Елиф Елмас, кои играат и за македонската репрезентација.

Филипче нагласи дека сите патници кои пристигнуваат во нашата земја од Италија ќе мора да потполнат прашалник.

– Нема отстапување од тоа што е препорачано од Комисијата за заразни болести за било кој човек кој доаѓа од било каде, истото важи за сите – рече Филипче кој информираше и за состојбата на кинеските работници од компанијата „Синохидро“ кои работат во земјава.

– Осумтемина кинески работници од компанијата „Синохидро“ се под здравствен надзор, биле на прегледи и немаат симптоми на коронавирусот. Тие се во изолација и  секојдневно контактираат со локалниот епидемиолог. Ниту еден од нив нема знаци на  заболување – рече Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...