Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Летонија на гостувањето во Рига со 2:0 во дуел од квалификациите за Европското првенство кое ќе се игра во 2020 година.
Нашите репрезентативци одиграа одлично прво полувреме, во кое паднаа и двата гола. Фудбалерот на Џенова, Горан Пандев ја затресе мрежата на Летонците по асистенцијата на новата ѕвезда на Наполи, Елиф Елмас во 14 минута, додека Енис Барди го зголеми водството 3 минути подоцна, што се покажа и како конечен резултат од дуелот.
По очекуваната победа, составот на Ангеловски е на петтото место во групата „Г“ со 8 бода (2 победи, 2 реми и 2 порази) со кои останува во трка за втората позиција на табелата. Полска е лидер со 13 бодови.
„Жолто-црвените“ следниот меч од евроквалификациите ќе го играат против Словенија на 10 октомври во Скопје.