Паднал ќотек помеѓу Левандовски и Коман на тренинг

465

Роберт Левандовски и Кингсли Коман се степале за време на денешниот тренинг на Баерн Минхен, тврди „Билд“.

Тие биле разделувани од Никлас Зуле, Жером Боатенг и други од соиграчи. За изненадување на сите, сепак тренерот Нико Ковач ги оставил двајцата да завршат со тренингот, наместо да ги отстрани во моментот, каква е практиката во такви случаи.

Инцидентот доаѓа денови по извонредниот триумф од 5:0 над Борусија Дортмунд во средба од Бундеслигата, со која баварците си го вратија водството и веќе се фаворити за титулата.

Останува да видиме дали Лева и Коман ќе бидат извадени од составот за следниот меч на Баерн, која е во недела против Фортуна Дизелдорф.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...