Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас и официјално е нов играч на калчолигашот Наполи.
За услугите на Елмас, неговиот веќе поранешен клуб Фенербахче ќе добие 16 милиони евра плус бонуси за презентацијата. Тој потпиша договор за 5 години, кој треба да му носи околу 1,5 милиони евра за сезона.
На Елмас му посака добредојде и првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис.
Benvenuto al Napoli Eljif #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/F1P3dfZmUb
— AurelioDeLaurentiis (@ADeLaurentiis)
July 24, 2019″>
„Добредојде Елиф во Наполи“, напиша на Твитер Де Лаурентис и објави фотографија со македонскиот бисер.
Photo: EPA / GEORGI LICOVSKI