Московски суд денеска го осуди рускиот опозициски лидер Алексеј Навални на 10 дена затвор прогласувајќи го за виновен за кршење на закон за време на учеството во уличните демонстрации минатиот месец.
Навални беше меѓу повеќе од 500 демонстранти кои полицијата ги приведе во Москва и кои бараа казни за полицајците кои учествувале во апсењето на истражувачкиот новинар Иван Голунов.
Голунов беше уапсен на почетокот од јуни поради наводен обид за трговија со дрога. Тој беше ослободен после неколку дена, откако обвиненијата против него беа отфрлени поради недостиг на докази.