Освојувачот на златниот олимписки медал во веслање и долгогодишен германски репрезентативец Максимилијан Рајнелт почина на 30 години, соопштено е денеска.
Швајцарската полиција соопшти дека Рајнелт паднал додека викендов скијал, но не се соопштени причините за смртта.
Рајнелт го освои зланиот олимписки медал во 2012. Година во Лондон, а сребрен четири години подоцна во Рио де Женеиро. Тој освоил и две титули на светски шампион и освојувач е на повеќе европски трофеи.