Озил правеше свадба, Ердоган кумуваше

649
Photo: EPA / WILL OLIVER

Турскиот претседател Реџеп тајип Ердоган беше кум на венчавката на поранешниот германски репрезентативец и фудбалер на Арсенал Месут Озил и Амина Гул.

Свадбата, на која присуствуваше и сопругата на турскиот претседател Емине Ердоган, се одржа во хотелот „Фор сизонс“ на Бешикташ, пренесува Анадолија.

Освен Ердоган, кој на младите им посака многу среќа, на свадбата присуствуваа и голем број познати личности од светот на спортот.

Photo: EPA / WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...