Од први март целосно бесплатен јавен превоз во Луксембург

85

Луксембург од први март ќе стане првата земја во светот каде јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, а целта е да се поттикнат луѓето да се откажат од автомобилите.

Патниците ќе треба да приложат само документ за идентификација за да ги користат автобусите, трамваите и возовите во земјата.

Покрај оваа мерка, Министерството за транспорт се залага и за поефикасна и помодерна мрежа на јавен превоз во наредните години за да го направи поатрактивен. Луксембург е една од земјите во Европа каде стапката на автомобилисти е највисока.

Бесплатниот јавен превоз беше едно од ветувањата на владината коалиција, мерката ќе ја чини 41 милион евра годишно и ќе се финансира од даноци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...