Пласидо Доминго им се извини на жените што ги малтретирал сексуално

Неколку жени го обвинија славниот Доминго за обиди да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги.

327
ФОТО: EPA / Francisco Guasco

Познатиот шпански тенор Пласидо Доминго, кој во САД околу 20 жени го обвиниле за сексуално вознемирување, вчера им се извини на жртвите наведувајќи дека му е „искрено жал за нанесеното страдање“.

– Сакам тие да знаат дека ми е искрено жал за страдањето што им го нанесов. Прифаќам целосна одговорност за своите дела – рекол Доминго, кој досега цврсто ги негираше обвиненијата.

Американската агенција АП во август пренесе дека девет жени рекле дека оперскиот пејач сексуално ги злоставувал во 80-тите години. Неколку жени го обвинија славниот Доминго за обиди да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги.

Исто така, некои жени навеле дека поради непристојните коментари на Доминго се чувствувале непријатно, а неколку луѓе од светот на операта рекле дека биле сведоци на непристојно однесување на славниот уметник кон помлади жени.

Доминго во октомври ја напушти управата на Операта во Лос Анџелес, на чие чело бил од 2003 година. Потоа одби настап на Метрополитен операта во Њујорк, додека многу американски опери ги откажале неговите настапи. Меѓутоа, продолжи да настапува во Европа.

ФОТО: EPA / Francisco Guasco

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...