Одземена Фејсбук страницата на Хајнц-Кристијан Штрахе

177

Слободарската партија на Австрија (ФПО) на својот поранешен лидер Хајнц-Кристијан Штрахе му ги одзеде администраторските права од неговата Фејсбук страница.

Фејсбукот за Штрахе е важен инструмент за комуникација со приврзаниците, кој мораше да поднесе оставка од сите политички функции по објавувањето снимки од Ибица, снимени пред две години, каде на една наводна роднина на руски милијардер и ветува државни бизниси а за возврат да добие финансиска поддршка за неговата страница.

Секојдневно тој преку Фејсбук комуницира со своите околу 800.000 следачи и го изнесува своето мислење за актуелната политичка ситуација.

Според весникот „Хојте“, ФПО одлучила да му ги одземе администраторските права, по што во иднина ќе може да поставува статуси на оваа Фејсбук страница само со одобрување од партијата.

Веднаш по оставката веќе започнала расправа дали страницата му припаѓа нему или на партијата.

Штрахе тврдеше дека тоа секогаш била негова лична страница, но во ФПО многумина укажуваат дека таа е во сопственост на партијата, која се споменува во импресумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...