Познатиот холивудски фраер и ѕвезда на многу култни комедии, Овен Вилсон (50) со својот шарм успеа да освои и некои од најубавите славни жени, но ниту со една не влезе во брак ниту пак, се смири.
Американскиот актер Овен Вилсон (50) има три деца со три жени, а неговата најмлада ќерка, едногодишната Лајла, ја доби со 15 години помладата актерка, сега веќе поранешна девојка, Варуни Вонгсвиет, и тоа на крајот на минатата година. Иако досега се чинише дека Овен одржува добри односи со сите свои поранешни девојки, токму Варуни го открила виситнското лице на актерот, кое не го прикажува во најдобро светло.
Варуни за „Дејли мејл“ ексклузивно признала дека Овен воопшто не е посветен на одгледувањето на нивната едногодишна ќерка, а наводно не ја ни запознал! Лајла сега има една година и еден месец, а сето тоа време нејзиниот славен татко не успеал да издвои време да дојде да ја види.
Тие беа во врска пет години, а минатата година актерот направи тест за татковство, со кој се потврди дека тој ѝ е татко на Лајла.
Актерката го моли да се посвети на одгледувањето на нивната ќерка. Таа рече дека Вилсон воопшто не учествува во одгледувањето на својата ќерка и наводно никогаш не ја запознал, пренесува „Дејли мејл“.
– Никогаш не ја запознал Лајла. Тој помага само финансиски, но тоа никогаш не ни било потребно. На Лајла ѝ треба татко. Иронично е дека Овен постојано на филм глуми татко, а својата сопствена ќерка не ја ни запознал – рекла Варуни.
– Треба да ја видиш својата ќерка, таа е неверојатна, навистина многу пропушташ. Таа изгледа како тебе – му рекла актерката на своето поранешно момче.
Покрај Лајла, Овен има два сина од минатите врски, но нив редовно ги посетува и одржува добри односи со нив.