Сликите на Ван Гог, Густав Климт, Моне, Дали, …на торти и колачи?!

Дваесет и петгодишниот Саша Алексиќ е магистер по применета уметност, за живот заработува како графички дизајнер во една компанија во Ниш, а за свое и задоволство на другите, изработува необично прекрасни и, велат, вкусни торти, дури и такви во кои става кечап, грашок, краставици и мајонез

106

„Отсекогаш сакав да јадам слатки и да ја гледам тетка ми додека ги прави, па така гледајќи додека го прави тоа, ‘го купив занаетот’ и во 2012. година почнав да правам колачиња, медењаци, кои беа многу поедноставни од оние што ги правам денес.

Дури во 2014. година се пробав во правење торти и првпат учествував на некој натпревар. После тоа почнав малку посериозно да се занимавам со ова, но само како хоби. Имено, не правам торти за продажба, туку само за натпревари и саеми за храна“, раскажува нашиот соговорник, 25.годишниот Саша Алексиќ од Ниш, кого го запознавме викендов, за време на одржувањето на Интерскопкејкс 2019.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...