ОБНОВЕНО Осум деца од Скопје се во домашна изолација

2085

Три деца од основното училиште „Владо Тасевски“ од Козле, две деца од основното училиште „Братство“ во населбата Тафталиџе, две деца од „Јан Амос Коменски“, како и едно дете од градинката „Пролет“ се во домашна изолација од денеска.

Родителите на децата од „Владо Тасевски“, како и на децата од „Јан Амос Коменски“ учествувале на симпозиумот на кој присуствуваше и заболената директорка на кожната клиника. Поради тоа овие деца се ставени во домашна изолазција.

Докторката Кујтиме Мехмети од Клиниката за кожни болести на трети март држела предавања во ОУ „Братство“ и сега е во 14-дневна домашна изолација заедно со нејзините две деца. Мехмети посочи дека не била во директен контакт со заразената директорка со корона вирус.

– Свесни сме за паниката која се шири по основните училишта и градинките. Набавуваме дополнителни средства за хигиена по градинките и основните училишта, а покрај направената редовна дезинфекција (спроведена на крајот на февруари), следува и вонредна дезинфекција на воспитно-образовните установи. Повикувам на смиреност – рече денеска градоначланикот на Карпош Стефан Богоев, по посетата на училиштето „Јан Амос Коменски“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...