ДОМ во предизборна коалиција со СДСМ

506

Зелената партија ДОМ, на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ, соопштија од партијата.

Оттаму велат дека во преговорите било договорено дека еден од главните столбови на коалициската програма ќе биде заштитата на животната средина и климата, што е врвен приоритет на ДОМ.

Согласно одлуката на Централниот одбор, кандидати за пратеници од ДОМ се лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во ИЕ3, потпретседателот на ДОМ, Мирослав Богдановски во ИЕ1, како и претседателот на општинската организација во Штип, Ванчо Санев во ИЕ3 и советничката од ДОМ во Битола, Ристенка Алтипармаковска во ИЕ5.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...