Неверојатниот погодок на Герет Бејл за 2:1 во финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул остана на второ место на листата за „Гол на сезоната“ во Лигата на шампионите. Првата позиција е за погодокот на Кристијано Роналдо со задни ножички во натпреварот помеѓу Јувентус и „белите“ од четвртфиналето.
Изборот не е на навивачите, туку на 6-член Комитет од технички набљудувачи при УЕФА, меѓу кои е и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс, поранешниот тренер на Вердер Бремен, Томас Шаф, некогашниот играч на Интер, Кристијан Киву и др.
На трето место е голот на Гонзало Игуаин (Јувентус) од волеј против Тотенхем во првиот натпревар од осминафиналето.
Топ 10 голови во сезоната 2017/2018 во ЛШ според УЕФА:
- Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) против Јувентус во четвртфиналето
- Герет Бејл (Реал Мадрид) против Ливерпул во финалето
- Гонзало Игуаин (Јувентус) против Тотенхем во осминафиналето
- Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) против Рома во групната фаза
- Еден Џеко (Рома) против Челзи во групната фаза
- Герет Бејл (Реал Мадрид) против Борусија Дортмунд во групната фаза
- Фред (Шахтјор Доњецк) против Рома во осминафиналето
- Кевин де Бруин(Манчестер Сити) против Шахтјор во групната фаза
- Лоренцо Инсиние (Наполи) против Шахтјор во групната фаза
- Кристијано Роналдо (Реал мадрид) против Борусија Дортмунд во групната фаза