Нов скандал на Кирјос: Се расправаше со судијата за написот на маицата

857
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Ник Кирјос стигна до третото коло на УС Опен.

Меѓутоа, ни овој меч не помина без скандал, пренесуваат медиумите.

Овој пат, Кирјос направи проблем и пред самиот почеток на мечот. Тој излезе со маица на чија јака пишува „Just do you“.

Меѓутоа, бидејќи не е по прописите, судијата бараше од него да ја спушти јаката. Кирјос инсистираше да му се покаже каде пишува дека тоа не е дозволено.

Сепак, на крајот одлучи да го послуша судијата и да ја спушти јаката.

За време на натпреварот, тој повторно имаше расправија со судијата.

ФОТО: EPA / JASON SZENES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...