Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека „Ковид-2019“ е официјалното име на болеста што го предизвикува новиот коронавирус.
– Сега го имаме официјалното име на болеста и тоа е Ковид-19 – изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Греберес, пред новинарите во Женева.
Официјалниот назив следуваше откако бројот на загинати надмина 10.000. Повеќе од десетици илјади се заразени.
Неколку високи функционери во Кина се сменети поради нивните потези околу контролата на ширењето на болеста.
Доктор Гебрејесус го повика светот да се бори против новиот вирус што е можно поагресивно.
Името коронавирус се однесува на групата вируси на кои им припаѓа, а не на најновиот вид.
Меѓународниот комитет за таксономија на вируси го назначи самиот вирус како SARS-CoV-2.
Името е изведено од зборовите „корона“, „вирус“ и „болест – disease“, а во 2019 година се појави.
Експертите бараа официјално име за да избегнат конфузијата и стигматизацијата на која било група или земја.
– Моравме да најдеме име кое не беше поврзано со географска локација, животно, индивидуа или група на луѓе, а кое исто така лесно се изговара и е поврзано со болеста – рече директорот на СЗО.