Времето денеска облачно, ама потопло

80

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во западните и северните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од пет до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура ќе достигне до 10 степени. Во Маврово 5, Охрид и Битола 10, Крива Паланка и Берово 8, Кавадарци 12, Дојран 15.

Во четврток ќе биде суво и посончево. Под влијание на влажен бран во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...