Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, имал интересна средба на егзибициониот турнир „Bubls“, кој се одржува во близина на Лондон.
Ноле го одиграл првиот натпревар на трева и бил многу успешен. Во два сета го совладал младиот Кристијан Гарин.
По натпреварот, се потсетил на својот претходен настап на овој интересен турнир, но и на една обожавателка на која ѝ ја подарил својата маица.
„Имав некои моменти без маица тука на „Bubls“. Се сеќавам дека тука имаше една млада дама… Пред неколку дена ја видов фотографијата од пред пет-шест години. Таа седеше тука, зад првиот ред, не знам дали таа сега е тука… Ене ја! – воодушевено рекол Новак, на што водителката се надоврзала:
„Таа те прогонува!“
Новак потоа ѝ се обратил на својата верна навивачка:
„Мислев дека ќе ја носите мојата маица.“
Навивачката рекла дека сака нов подарок од најдобриот тенисер на светот, но Ноле порачал дека овојпат нема да има ништо од соблекување.
– Знаете, сега сум оженет, татко сум. Морам да ги задржам некои работи приватно. Мораме да ја почитуваме мојата сопруга, така што не можам да ја соблечам маицата и да ти ја подарам. Тоа беше случај пред пет години, но беше само маицата, да се разбереме – рекол Новак смеејќи се.