Со мнозинство гласови на Управниот Одбор на Ракометната Федерација, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 „Одлука без присуство“ од Законот за здружение и фондации, денеска беа донесени следниве одлуки:
1. Назначување на Левче Китески на функцијата Директор на машки и женски ракометни репрепрезнтации при РФМ.
2. Назначување на Гино Стрезовски на функцијата Стручен советник на селекторот во женски репрезентации.
3. Назначување на Димитар Митревски на функцијата координатор на машки ракометни репрезентации.
4. Назначување на Ѓорѓе Војновиќ , Главен Извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.
5. Назначување на Билал Суџубаши, Генерален Извршен директор на Халкбанк АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.
Донесените Одлуки ќе бидат верификувани на следниот управен одбор, соопштуваат од РФМ.