Лани ГТЦ загуби 35.000.000 денари

568

Градски Трговски Центар АД Скопје за периодот јануари-декември 2019 година оствари негативен финансиски резултат во износ од 34.349.000 денари, соопшти компанијата на Македонска берза

За дванаесетмесечното работење во 2019 година ГТЦ оствариле вкупни приходи од 224.104.000 денари кои се поголеми за 7% во однос на минатата година, а вкупните трошоци изнесуваат 258.453.000 денари и се повисоки за 9% во однос на минатата година.

Од друштвото потенцираат дека нивната цел е да оствари позитивен резултат од работењето во 2020 година.

– Целта на нашето работење е да оствариме позитивни резултати во наредниот период за тековната 2020 година, со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кој располага нашето друштво – се вели во објавата од ГТЦ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...