Не мислел на туристите: Венеција го казни архитектот со 78.000 евра поради мост

Во тужбата на градските власти е наведено дека мостот со жележна рамка и стаклени панели не можел да ја издржи навалата на гостите и нивните куфери.

391

Венeцијанскиот суд го казни шпанскиот архитект Сантјаго Калатрава со 78.000 евра, бидејќи дизајнирал мост преку каналот „Гранд“, кој не може да издржи голем број туристи.

Во образложението на судската одлука стои дека Калатрава бил невнимателен во процесот на изградбата, иако имал претходно искуство и дека ги дизајнирал мостовите во Далас и Калгари, и требало да има доволно информации за конструирањето, пренесе Си-ен-ен.

Во тужбата на градските власти е наведено дека мостот со жележна рамка и стаклени панели не можел да ја издржи навалата на гостите и нивните куфери кои секојдневно ги влечат со себе, поради што неколку стаклени скали морало да се заменат.

Контроверзите околу мостот се последни во низата која ја погодува Венеција, која се соочува со последиците на „прекумерен туризам“.

Во овој италијански град неодамна се воведени строги контроли на туристите, па така посетителите кои не преноќуваат во градот плаќаат надомест од 10 евра, а забранети се и куфери со тркалца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...