Италијанските медиуми објавија информација за нов случај на коронавирус во земјата, но овојпат се работи за фудбалер на третолигашот Пјанезе. Како што е наведено, фудбалерот минатиот викенд имал настинка и температура и не истрчал на теренот во знак на претпазливост.
Според реномираниот „Газета дело Спорт“, во текот на ноќта сабота кон недела, заразениот фудбалер кренал висока температура и не настапил против вториот тим на Јувентус. Медиумот наведува дека клубот го откажал денешниот тренинг и се чекаат насоки од здравствените власти.
Името на фудбалерот сè уште не е соопштено.