Некогаш кралска резиденција, сега новиот дом на Роналдо ВИДЕО

2974

Фудбалскиот крал Кристијано Роналдо по потписот за Јувентус, ја пронајде и својата приватна оаза во Торино која во наредните четири години ќе биде негов дом.

Славниот Португалец, како и сегде досега каде што престојувал, избирал само ексклузивни локации за себе и за своето семејство, а во Торино тоа е националниот парк „Ла Мандриа“ идната адреса на домување на најголемата фудбалска ѕвезда на денешницата.

Доволно е да се каже дека овој парк, инаку втор по големина во Европа од затворен тип, на површина од 3.000 хектари ( обиколен со ѕидини во должина од 30 километри), било место каде низ историјата живееле само благородници и кралеви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...