Кошаркарот на Химки, Тајлер Ханикат, е убиен во неговиот дом во Калифорнија, при престрелка со локалната полиција.
Американските медиуми јавија дека, Ханикат наводно пукал кон припадниците на полицијата, па се затворил во неговиот дом, а потоа полицијата возвратила на огнот.
– Специјалната единицата влезе во домот на Ханикат и го пронајде неговото тело без знаци на живот. Итната помош констатираше смрт – наведоа од полицијата.
ФОТО: EPA/ROBERTO BREGANI