На 83 години, почина легендарниот светски велосипедист Пулидор

110
ФОТО: МИА

На 83-годишна возраст ноќта меѓу вторник и среда во Сен-Леонард де-Ноблат, почина Рејмонд Пулидор легендарниот светски велосипедист, јави дописникот на МИА од Париз.

Пулидор, минатиот јули, беше во придружбата на „Тур де Франс“. Тој беше една од најпознатите и популарни  фигури на велосипедскиот спорт, наречен од своите симпатизери „Пупу“.

Во својата кариера осум пати беше на подиумот на Тур де Франс во периодот од 1962 до 1976 година. Има победи на трката околу Шпанија во 1964 година, Милано-Сан Ремо во 1961 година, Флеш Валон (1963), Париз-Ница во 1972 и 1973 година и Критириум ди Дафине во 1966 и 1969 година.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...