На граничниот преминот Деве Баир се очекува денеска во земјава да пристигне група од 20 туристи од Сингапур и од Јапонија, кои ќе дојдат од Романија, каде има потврден случај на заболен од коронавирусот, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
– Утрово од туристичка агенција ни најавија дека се очекува 20 туристи денеска да пристигнат на Деве Баир, а кои ќе стасаат од Сингапур и од Јапонија. Известен е локалниот епидемиолошки центар од каде ќе ги пречекаат, лекарите ќе им направат интервју уште на граница, а ако треба и преглед ќе им направат. Туристите доаѓаат кај нас од Романија, каде веќе има случај на заразен со новиот вирус, па ги преземеме сите превентивни мерки – нагласи Филипче.
Од вчера попладне сите странци кои пристигнуваат во Македонија добиваат СМС порака дека ако почувствуваат некакви сипмтоми на грип, треба да се јават на телефон во Институтот за јавно здравје, со информации како на флаерот кој странците го добиваат на сите гранични премини.