Најстудено во Маврово -2 , најтопло во Дојран и во Гевгелија 8 степени

91

Утрово во земјава најстудено било во Маврово, Лазарополе и Крушево каде се измерени -2 степени Целзиусови, а најтопло во Дојран и Гевгелија со измерени 8 степени Целзиусови.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време, во западните и јужните делови со сончеви периоди. Во северните и североисточните делови претежно на планините и на повисоките места ќе има услови за слаб снег.

Ќе дува умерен, а на југоистокот, повремено засилен северозападен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 5 дo 13 степени.

Во Скопје слично време со температурата до 11 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...