Најсексапилната скијачка го запроси своето момче ФОТО

Се очекува венчавката помеѓу најсексапилната скијачка и Субан да се одржи во август идната година.

4196
EPA/JASON SZENES

Легендарната американска скиајчка Линдзи Вон на Божик го запросила своето момче. Линдзи на хокејашот на Њу Џерси девилс, Пи Кеј Субан му подарила свршенички прстен. Се очекува венчанката помеѓу најсексапилната скијачка и Субан да се одржи во август идната.

„Среќен Божик и празници! Во нашата втора годишнина, го запросив Пи Кеј и го прашав дали сака да се ожени за мене. Ми одговори позитивно. Не мора само жените да добиваат свршенички прстен, зарем не?“, напишала Линдзи Вон на својот Твитер-профил.

На некогашната олимписка шампионка ова ќе ѝ биде втор брак. Таа во 2007 година се венча со Томас Вон, колега од американскиот скијачки тим, а се разведоа во 2011 година. Потоа беше три години во врска со најдобриот голфер на светот Тајгер Вудс, а по него и со Кенан Смит, тренер во НФЛ.

Атрактивната русокоса минатата сезона ја заврши професионалната кариера, после 82 победи на Светскиот куп. Линдзи има три медали од Олимписките игри, а осум од светските шампионати, од кои две се златни.

Од друга страна, Пи Кеј Субан летоска од Нешвил премина во Њу Џерси девилс, со кои потпиша договор до летото 2022 година. Дефанзивецот игра за годишна плата од девет милиони долари и е третиот најплатен бек во НХЛ лигата.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

EPA/JASON SZENES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...