Нападнат косовски политичар од членови на Српската листа

125

Лидерот на Самостојната либерална партија (СЛС) и пратеник во косовското Собрание, Слободан Петровиќ денеска бил физички нападнат од двајца членови на партијата Српска листа (СЛ), додека се подготвувал да одржи прес-конференција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Петровиќ бил нападнат во угостителски објект во близина на косовското Собрание, каде за во 12 часот имаше закажано прес-конференција, на која најави дека ќе одговори на обвинувањата што кон него ги упати СЛ.

Полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека се приведени две лица кои се сомничат за физички напад врз трето лице.

Телевизијата КТВ јави дека со Петровиќ физички се пресметале членовите на СЛ, Милан Костиќ и Ненад Миличевиќ.

Откако бил пријавен инцидентот, Костиќ и Миличевиќ биле приведени во полиција, каде што изјавиле дека тие биле нападнати од Петровиќ.

Најголемата партија на косовските Срби, СЛ, пред некој ден објави соопштение во кое го обвини својот некогашен член Петровиќ дека е предавник на интересите на Србија, поради тоа што во Собранието гласал за косовската Платформа за дијалогот меѓу Приштина и Белград во Брисел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...