Над 250 натпреварувачи на „Скопје опен“

На турнирот кој се одржува по деветти пат во Македонија учествуваат 250 спортисти од 25 клуба од 10 земји

182

Меѓународниот турнир во џиу-џица „Скопје опен“ започна денеска во спортската сала „Независна Македонија“ во Кисела Вода.

На турнирот кој се одржува по деветти пат во Македонија учествуваат 250 спортисти од 25 клуба од 10 земји: Словенија, Турција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Р. Српска, Албанија, Грција и од Македонија.

На борилиштата правдата ја делат 16 интернационални судии.  Влезот за посетителите е бесплатен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...