Надал прв на АТП листата, Ѓоковиќ не е ни во Топ 20

501

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повторно се искачи на првото место на АТП листата со 8.770 бода, откако во финалето на Мастерсот во Рим го совлада германскиот тенисер Александар Зверев.

За Надал ова е шести пат да биде светски тенисер број еден, а ќе ја започне 174. седмица како прв на АТП листата.

Швајцарецот, Роже Федерер е втор со 100 бода помалку, а на третото место е победникот во Мадрид и финалистот во Рим, Александар Зверев.

Федерер, кој не ја игра целата сезона на земјена подлога, минатата семица беше прв бидејќи Надал беше елиминиран во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид од Доминик Тим.

На четвртата и петтата позиција местата си ги заменија Марин Чилиќ и Григор Димитров, па хрватскиот тенисер сега е подобро пласиран од бугарскиот.

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од Надал во полуфиналето во Рим, поради што загуби бодови и на најновата АТП листа има пад од четири места и се наоѓа на 22-та позиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...