Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да игра на ниту еден од претстојните турнири во Азија, и со тоа му прави услуга на ривалот Новак Ѓоковиќ да го задржи првото место на АТП листата до крајот на годината.
Надал викендов треба да настапи на Лејвер купот во Женева, а потоа ќе се венча на 19 октомври, и на терен ќе се врати кон крајот на октомври на турнирот во Берси.
Ова значи дека Србинот има реална шанса да се задржи на врвот. Тој треба да брани 1.000 поени во Шангај, а неговата предност во однос на Надал е само 640 поени. Ако Новак не стигне до финалето во Шангај, Шпанецот ќе го преземе првото место. Ѓоковиќ брани многу поени и во Париз (600) и Лондон (1.000), па и таму ако не игра, Надал ќе стане светски рекет број еден.