На наредните избори или ќе преживеат ВМРО, СДСМ и ДУИ, или ќе преживееме ние – трето нема!

15-ти септември е. Ела да го земеш во свои раце ко народот судбината.

7804

Кој смее да е човек, а кој не во Македонија?

Интернетот и социјалните мрежи десетина години се достапни на секој. За среќа, ни ја разбија илузијата од учебниците по ЗПО дека сме „добар, питом и гостопримлив народ“ и го извадија најлошото од нас. Не го извадија, туку само го покажаа пред другите.

Деновиве, како и секогаш, има доста гадости. Исто ко и претходно, на политичка основа. Говор на омраза и омаловажувања на сите страни.

Од една страна е говорот на омраза на Љупче Златев за Фатиме Фетаи и за новата помошничка на министерката за финансии. Сосема нормално, многу луѓе реагираа на тој говор на омраза. Згрозени, како што треба да се.

Тука доаѓа во полн сјај дволичноста на многу борци. Истите кои беа згрозени од Љупче, пред само неколку дена ја ставаа неговата слика со девојка му и се заебаваа. Само тогаш не беше проблем, зато што во државата има ликови кои никогаш не биле сметани за луѓе (Златев, Политико, Боки 13 на прва вака, ако се сосема различни). Никој не застанал зад нив и нивното секојдневно омаловажување. Можеш да ги сакаш или не, сепак и тие не смеат да се цел на говор на омраза.

Вторите двојни аршини се „немојте пред децата”. Стварно, немојте пред децата. Само што проблемот тука е што има и разлика од децата до децата. Едните се наши, другите нивни. Гадни се објавите на Миленко за ќерката на Заев. И се одвратни. Од друга страна, објави за децата на Мицкоски се политичка сатира, сè е во ред, сељаците не разбираат…

Миленко е гнасен, Тричковски исто. Ако само еден од овие ви е гнасен со објавите, тогаш имате голем проблем со сфаќањето на говорот на омраза.

И така… Пусикет Долс се враќаат после 10 години.

***

Јок, мир во светот им е на прво место.

***

***

Митко Чавков во затвор живее подобро од половина милион граѓани кои на слобода не можат да си дозволат еден оброк во ден. И то е накратко за правдата…

***

Човекот расте до 25 години. Освен устата и цицките кај некои врсти, кои растат дур има пари спонзорот.

***

„Нашинци од Канада бојкотираат претстава од Македонија затоа што организаторот бил за Северна“.
Пошто иначе нашите во Канада не можат од театар да ги избркаат.

***

Пак е то време од годината…

***

Дали на протестот против насилство над докторите ќе има и контрапротест од оние шо се за тепање доктори?

***

Најдобра одбрана на Боки 13 би му била: „И јас самиот не се познавам, само два три пати се имам на телевизија видено“.

***

„Јанева можи да тужи и добие надоместок за разрешувањето“.
И Груевски на овие ќе им земи надоместок за оддвоен живот од семејството. Kако е тргнато…

***

„Дел од делата на Груевски застаруваат“.
Битно сметка за водовод не застарува до седмо колено со камата.

***
„Мицкоски е спремен да ја жртвува иднината на Македонија и ЕУ и НАТО интеграциите само да го спаси Груевски“ – Заев.
Од шо да го спаси Груевски? Со сите украдени пари е на слобода во Будимпешта. Или му немаат пренесено дека им избега…

***

Дремнав, уште се СДСМ на браникот на правната држава?

***

15-ти септември е. Ела да го земеш во свои раце ко народот судбината.

(Избор од ФБ статуси на Божидар Божиновски алијас Мр Моџо Килингтон)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...