Навивачите на Шкендија ќе навиваат за Косово на натпреварот против Македонија ФОТО

868

Навивачката група на косовската фудбалска репрезентација позната како „Дардани“ се пофали дека постигнала договор со тетовските „балисти“, инаку навивачи на фудбалскиот клуб Шкендија, со здружени сили да навиваат за Косово на натпреварот против Македонија.

Покана да го бодрат Косово од трибините неодамна добила и навивачката група на скопскиот фудбалски клуб Шкупи, но „шверцерите“ одбиле да се придружат истакнувајќи дека тие навиваат единствено за репрезентацијата на Албанија.

Натпреварот помеѓу Македонија и Косово е полуфинален бараж за историски пласман на ЕУРО 2020 и ќе се одигра во Скопје на 26 март. Победникот од двете репрезентации потоа ќе брка пласман во финалниот бараж против победникот од натпреварот меѓу Грузија и Белорусија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...