Мурињо: Можете ли да замислите јас да го направев истото што го направи Симеоне?

Можете ли да замислите јас да го направев истото што го направи Симеоне? Можете ли да замислите да го правам истото што го направи Покетино? Замислете какви би биле последиците. Дали чувствувам дека кон мене се однесуваат поинаку? Да Не знам зошто ова се случува, изјави Мурињо за шпанска „Марка“.

498
ФОТО: EPA / NIGEL RODDIS

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, го коментираше начинот на кој Диего Симеоне го прослави вториот гол во натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите со Јувентус (2:0).

– Можете ли да замислите јас да го направев истото што го направи Симеоне? Можете ли да замислите да го правам истото што го направи Покетино? Замислете какви би биле последиците. Дали чувствувам дека кон мене се однесуваат поинаку? Да Не знам зошто ова се случува – изјави Мурињо за шпанска „Марка“.

Тренерот на Атлетико, Симеоне на натпреварот со Јувентус се однесуваше недолично. По вториот гол се сврти кон публиката и се фати за препоните, додека Покетино беше гневен на судијата по поразот од Барнли и жестоко реагираше, по што мораше да биде смируван од асистентите зa да не дојде до инцидент.

За многу помали екцеси Мурињо во минатото добиваше големи казни, па оттука е оваа негова реакција.

ФОТО: EPA / NIGEL RODDIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...