Момчиња успеале да побегнат од американски затвор правејќи дупка широка 55 сантиметри. Наводно, тие побегнале од дупка во тоалетот во затворот во Салинас.
Дваесетгодишниот Џонатан Салазар и една година постариот Сантос Самуел Фонеска се осомничени за две убиства и пред нив е судење.
Понудена е награда од 5.000 долари доколку некој ги пронајде или има информации во врска со случајот.