Момчето на кое во дискотека му отсекоа уво: Осакатен сум за цел живот, ни самиот не знам зошто

Тажен сум и бесен, но се обидувам да бидам смирен, рекол тој.

6875
ФОТО: Курир.рс

Осакатен сум за цел живот. Останав без уво. Не можам да верувам дека во 21 век некој некому може да отсече дел од телото. Се обидувам да разберам дали е нормално 30 лица да тепаат еден човек.

Вака рекол за „Курир.рс“, 27-годишниот Елмир Ровчанин, кому на 7 јули во масовна тепачка во дискотека во Пријепоље му било отсечено увото.

Тој рекол дека лекарите во Белград дале се од себе со операција да му го сочуваат увото, но не успеале.

– Моето тело не го прифати пришиеното уво, па по колегиум на лекарите, одлучено е сепак да ми биде отсечено – раскажал тој со емоции.

Требало да помине месец дена за да оди на пластична операција.

– Тажен сум и бесен, но се обидувам да бидам смирен – рекол тој.

Не можел да сфати зошто му се случил немилиот настан.

– Си го враќам филмот и се прашувам што се случува со луѓето. Како е можно во 21 век некој некому да отсече уво? Па тоа го нема ниту во еден натпревар, а не пак дискотека. Размислувам дали мотивот за овој напад е можеби национализам. Момчињата кои ме нападнаа беа под дејство на алкохол и некои други супстанци – додал тој.

Елмир бил незадоволен со истрагата и смета дека е отежнувачка околност што клубот нема видео надзор.

– Не знам кој ми го направи ова и зошто. Верувам дека постои правда. Сакам да им се заблагодарам на пријателите кои ме посетуваа во болница и ми го исполнија срцето. Сега дознав кои ми се вистински пријатели – нагласил Елмир.

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...