Дали е можно банката на сперма да ви продаде материјал од погрешен донор?

Да, можно е банката на сперма да ви продаде генетски материјал од погрешен донор: Што кога вашето дете има татко кој буквално не сте го избрале, е темата за која пишува Џеклин Мроз во Њујорк Тајмс. Мислите ли дека ова се случува и кај нас?

631

Пред 17 години кога била во своите триесетти, Синди со својата партнерка одлучила дека сака да има деца.

Со часови ги прегледувале профилите на донорите на сперма, одлучувајќи се конечно за човек со чист медицински картон и малку наследни болести во семејството. Го знаеле својот дарител само по неговиот идентификациски број.

Синди родила здраво момче, а подоцна користејќија спермата на истиот дарител повторно забременила и повторно родила машко.

Кога малку пораснале момчињата успеале да прнајдат неколку полубраќа и сестри внесувајќи го идентификацискиот број на донорот во онлајн базата на податоци. Потоа родителите одлучиле на сите деца зачнати со иста сперма да им направат ДНК тест.

Резултатите покажале дека синовите на Синди не се во сродство со другите деца. Банката на сперма им продала сперма од друг дарител наместо онаа која ја одбрала после внимателно прегледување.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...