Миранда од „Сексот и градот“ по осум години откри кој е татко на нејзиниот син ФОТО

Тајната поврзана со ѕвездата од „Секс и градот“, која многумина интригираше, исплива во јавноста.

3131

Миранда од хит-серијата „Сексот и градот“, актерката Синтија Никсон осум години не сакаше да го открие идентитетот на на таткото на нејзиниот син Макс, која го родила нејзината сопруга Кристине Маринони. Но, деновиве со една објава на Инстаграм, конечно го откри идентитетот на таткото на нејзиниот син – костимографот Мајкл Гроулер.

„Кога татко ти е костимограф, а ти отсекогаш сакаше да бидеш Пенивајс“, напишала 53-годишната актерка покрај фотографијата на која Гроулер работи на костимот за Ноќта на вештерките на нивниот син Макс.

Актерката и костимографот се познават повеќе од десет години, а пријателството почнало додека заедно работеле на претставата „Зајачка дупка“, за која актерката беше наградена и со награда Тони. Таа соработка подоцна продолжила и на снимањето на двата филма „Секс и градот“, а пред две години повторно се вратиле на театарот каде соработувале на представата „Мали лисици“.

Гроулер е во брак со 60-годишниот актер Вилијам Боусер, кој Синтија исто така го вика таткото на Макс.

Синтија и синдикалната активистка Кристине ја започнаа врската во 2004 година, а се свршија во 2009 година. Пред Кристине, Синтија била 15 години во врска со Дени Моузес со кој има две деца, ќерката Саманта и синот Чарлс.

Ќерка ѝ во 2018 година го смени полот и стана Семјуел Џозеф Моузес.

 

 | Autor : Instagram

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...