Силвестер Сталоне за смртта на синот: Ниту една болка не може да се спореди со онаа кога ќе загубиш дете! ФОТО

Херојот на култните филмови тивко ја преживеал смртта на својот син, но кога проговорил, неговите зборови расплачеле милиони.

5304

За повеќето од нас, одењето во кино е начин на бегство од реалноста, изгубени во фантазирањето, каде на крајот ликовите речиси секогаш имаат среќен крај.

Дали некогаш сте размислувале за актерите со помош на кои ја заборавате на реалноста? Кој нив ги лекува кога страдаат?

Силвестер Сталоне, по загубата на најстариот син Сејџ, падна во тишина.
Сејџ бил првото дете на Силвестер и сопруга на Саша Чак. Починал на 36-годишна возраст од животот, на 13 јули 2012 година, во својот стан во Лос Анџелес од срцев удар предизвикан од атеросклероза.

Смртта на синот, го урнала храбриот Роки. Тој барал осаменост и приватност.
Силвестер Сталоне тогаш рекол: „Никаква болка не е поголема од онаа кога родителот ќе изгуби дете. Затоа ги замолувам луѓето да покажат почит кон сеќавањето на мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубовта на неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашите животи. Сејџ беше нашето првородено дете и центар на нашиот универзум, и јас понизно ве замолувам да не ја нарушувате душата и сеќавањето на мојот син“.

По разводот на Силвестер и Саша Чак, дошол тежок период помеѓу таткото и синот. По неколку години, тие ги закопале воените секири и дури почнале заедно да снимаат филмови и да даваат интервјуа.

Сталоне соработувал со Сејџ во филмот „Роки 5“, а неговиот син планирал да се занимава со продукција. И покрај неговите здравствени проблеми, никој не можел ни да замисли дека на овој млад човек такво нешто ќе му се случи.

Смртта на неговиот син тешко го погодила Сталоне. Тој се повлекол за во тишина да се бори со својата болка.

Во август 2012 година, актерот изјавил:

„Тоа е многу тешко. Ова е ужасна ситуација, но таков е реалниот живот – времето ви помага да се изборите и да се обидете да го преживеете она што ви се случило. Многу е важно да ја пронајдете силата за да се кренете и да се обидете да живеете. Во спротивно, може да ве вовлече во маѓепсан круг.“

На доделувањето на наградите Златен глобус, новинарите го прашале Силвестер како загубата на неговиот син влијаела врз неговата работа, а актерот одговорил:

„Ми се чини дека во такви ситуации многу помага ако правите нешто. Во случајот на мојот син, сакав да му оддадам почест и ми се чини дека тоа и го направив.“

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...