Пратеникот Антонијо Милошоски пресметал дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева и обвинителите од нејзиниот тим треба да вратат еден милион евра во буџетот. Пресметката Милошоски ја објави на Фејсбук.
– Катица треба врати 150.500 евра (од земени 157.000 евра)
Лиле Стефанова да врати 87.000 евар (од 93.000)
Фатиме Фетаи да врати 81.000 евра (добила 87.000)
Елизабета Јосифоска да врати 101.000 евра(од земени 107.000)
Гаврил Бубевски да врати 80.000 евра (од 86.000)
Артан Ајро да врати 80.000€ евра (од 86.000)
Трајче Пеливанов 80.000 евра (земени 86.000)
Љубомир Лапе 81.000 евра (земени 87.000)
Бурим Рустеми 84.000 евра (од 90.000)
Стевчо Донев 101.000 евра (земени 107.000)
Л. Ристоска 66.000 евра (земени 72.000)
Пресметка е според јавно достапни информации, бидејќи додатоци кои го надминуваат изрично утврдениот лимит од 35 отсто на основната плата се незаконски и претставуваат стекнување на противправна имотна корист на штета на државниот буџет.
Подолу е објаснувањето за основните плати и за законскиот додаток кој според Законот за платите на обвинителите не смее да е над 35 отсто.
Ако основната плата на Катица Јанева изнесува 60.180 денари, а додатоците од 35 отсто се во износ од 21.063 денари или вкупно 81.243денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, тогаш нејзиниот месечен приход во секој случај треба да е помал од 90.000 денари. Катица Јанева законски смеела да земе додатоци од државниот буџет од околу 6.500 евра, за 18 месеци додека била овластен тужител, а разликата до 157.000 евра мора да ја врати во буџетот.
Ако основната плата на Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Елизабета Јосифоска и останатите обвинители во СЈО без минат труд изнесува 56.640 денари, а додатоците од 35 отсто се во износ од 19.824 денари или вкупно 76.484,00 денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, но во секој случај би требале се вкупно да примаат околу 80.000,00 денари месечно, пресмета Милошоски.