Американка тврди дека е во врска со Путин, открила како комуницираат! ВИДЕО

Нејзините деца сметаат дека нејзе ѝ треба помош и многу се загрижени за нејзиното ментално здравје, па се појавиле заедно со неа во емисијата за да ја изнесат и својата страна на приказната.

581

Американката која се претставила само како Џенифер на почетокот на ноември гостувала во популарната американска емисија „Д-р Фил“ на Фил Мекгро, каде навела дека е вљубена во рускиот претседател Владимир Путин и дека тие двајца се во врска.

Нејзините деца сметаат дека нејзе ѝ треба помош и многу се загрижени за нејзиното ментално здравје, па се појавиле заедно со неа во емисијата за да ја изнесат и својата страна на приказната.

Џенифер верува дека е визионерка и дека влијае на работите што се случуваат во светот, постапките на владите, лидерите на државите, дека може да влијае на терористичките напади и конфликтите ширум планетата.
Во прилогот на емисијата, Џенифер вели дека има визии како Путин доаѓа по неа и во својот претседателски авион и ја носи во Русија.

– Едвај чекам да дојде по мене. Се чувствувам како да припаѓам во Русија – рекла Џенифер и додала: „Комуницираме преку социјалните мрежи и тоа секојдневно. Еден од начините со кои тој комуницира со мене е преку своите вратоврски“.
Џенифер пред камерите покажала фотографија од рускиот претседател на која тој носи црна вратоврска со бели точки и истакнала дека рускиот претседател на тој начин наводно сакал да ѝ порача дека ќе дојде по неа и ќе ја однесе во Русија.

Таа наведува дека во една прилика тој носел и бордо вратоврска со што сакал да ѝ порача дека не се бакнува со ниту една друга жена.

– Можам да почувствувал кога мисли на мене – рекла во емисијата „Д-р Фил“. „Веќе имам и пророштва дека ќе родам уште едно дете. Имам соништа дека ќе родам девојче, кое ќе ја добиеме јас и Владимир, додала Џенифер.
Таа тврди дека Путин со неа наводно комуницира и преку фотографии, дека наводно знае каде, каде се движи и што се случува. Вели дека во моментов е бездомик и дека нема поддршка од страна на своето семејство.

– Да ме праша, без сомнение веднаш би се омажила со него. Тој е мојот најдобар пријател – истакнала Џенифер.

Ќерката на Џенифер истакнува дека нејзината мајка е убедена дека е во врска со Путин и дека тој ќе дојде по неа да ја одведе во Русија. Поради оваа ситуација, таа станала бездомник па живее во мотели.

Ќерката наведува дека нејзината мајка е во состојба без престан да зборува за Путин и тоа да трае дури и по половина час. Додава дека нејзината мајка твдри дека таа и Путин имаат тајна шифра за комуникација и дека некои гестови и движења со рацете се наменети само нејзе и дека на тој начин ѝ праќа порака. Ќерката додава дека мајка ѝ им покажувала фотографии од Путин и дека својата внука ја терала да го нарекува „дедо“. Истакнува дека нејзината мајка извесно време живеела во автомобил, како би била подготвена подготвена да тргне за Русија кога Путин наводно ќе дојде по неа.

Едниот нејзин син смета дека неговата мајка го „загубила контактот со реалноста“ и дека не памети на последниот разговор со неа кој имал смисла, бидејќи со неа се се сведува на Путин, политика и религија. Другиот син исто така смета дека нешто не е во ред со неа.

Децата велат дека оваа ситуација трае веќе три години и дека не знаат што ја предизвикало опсесијата на нивната мајка за рускиот претседател.

Извор: kurir.rs/dr phil/informer

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...