Миле Јанакиески и уште седумина осомничени за продажба на државно земјиште одат во притвор

1190
Деветмина од приведените утринава добија 30-дневен притвор. Поранешниот   министерот Миле Јанакиески, повторно ќе се врати во затвор како осомничен во најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција, а во врска со продажба на државно земјиште.

По целодневен распи во Кривичниот суд, судијата на претходна постапка одреди притвор и за уште седумина од осомничените, освен за две службенички, за кои обвинителството уште пред неколку часа го повлече барањето за притвор и добија мерки на претпазливост.

„Постапувајќи попредлог на Основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка во однос на десетте лица кои денеска беа спроведени во Судот, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинител и на М.Ј., А.Ј., Е.Р., М.Ј., Д.Д., В.С., Д.М., и Л.С., им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, а на Б.Д. и С.К., им определи мерки за претпазливост“, соопштија од Основниот кривичен суд.

Судот смета дека се исполнети условите од  член 165 став 1, точка 1 и 2 задел од обвинетите и точка 1, 2 и 3 за другиот дел од обвинетите, односно опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да се повтори делото.

Против ова решение странките имаат право на жалба, додаваат од Основниот кривичен суд.

Осомничените се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, а едно лице се сомничи за несовесно работење во службата. Тие со противзаконските дејствија што ги направиле го оштетиле буџетот во износ од 2.647.802 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...