Само Бојан Јовановски знае зошто се препознал во моите написи

Најавувам дека рекетарската сага ќе продолжи со нови епизоди и со истата раскажувачка постапка. На Бојан Јовановски му посакувам 1ТВ да ги преброди проблемите во релацијата со УЈП, а тој лично што поскоро да дојде во посед на трансакциска сметка, за да може, ако посака, да го легализира својот сопственички статус. На новинарите од овој медиум им посакувам успешна работа.

15851

На пат на годишен одмор надвор од Македонија, известен сум дека господинот Бојан Јовановски, кој, ако добро разбрав, се претставил како неформален сопственик на 1ТВ, вечерва изјавил дека тој е личноста за која јас пишувам во моите написи.

Колку што можев да прочитам по пат, во интервјуто на Јовановски со Јадранка Костова, се спомнуваат и други лица и се коментираат односите на сопственикот на 1ТВ со нив. Ако добро сфатив, повод за овој настап на Јовановски е денешиот одговор на премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање, во врска со некаков настан во Битола, за кој, според премиерот, се водела истрага (подоцна е прецизирано дека Обвинителството само следело информации).

Во врска со настапот на неформалниот сопственик на 1ТВ, сакам да ја известам јавноста дека во ниту еден од моите написи кои се коментираат, јас не ги спомнувам Бојан Јовановски, 1ТВ, новинарите од оваа телевизија и сите други ликови кои биле спомнати вечерва.

Во секоја од моите приказни за големата рекетарска афера (ако на тие написи мисли Јовановски), нагласувам дека ликовите што ги спомнувам се со измислени имиња и дека секое препознавање е одговорност на оние што себеси се препознаваат или други лица препознаваат во ликовите од моите приказни.

Тоа е легална и легитимна литерарна постапка, а нуждата да се послужам со неа и со езоповски јазик, ја објаснив и во интервју за Гласот на Америка.

Најавувам дека рекетарската сага ќе продолжи со нови епизоди и со истата раскажувачка постапка. На Бојан Јовановски му посакувам 1ТВ да ги преброди проблемите во релацијата со УЈП, а тој лично што поскоро да дојде во посед на трансакциска сметка, за да може, ако посака, да го легализира својот сопственички статус. На новинарите од овој медиум им посакувам успешна работа.

ФБ статус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...