Миленикот на Америка половина богатство го даде за вили од 18. век: Погледнете го проектот вреден 35 милиони евра

Пејачот Хари Стајлс гради огромна вила вредна 35 милиони евра за спојување и реновирање на две помали куќи.

568
ФОТО: EPA / NIGEL RODDIS

Поранешната ѕвезда на бендот „Уан дирекшн“, Хари Стајлс (26), ќе спои две помали куќи во една прекрасна вила во која ќе живее.

Пејачот Хари Стајлс купил две куќи од 18-ти век кои што се наоѓаат во ист двор, во северниот дел од Лондон и сака да ги реновира и да ги спои во една огромна вила.

Тој ангажирал дизајнери за ентериер кој претходно соработувал со Меган Маркл, да работи на тој проект и да го уреди неговиот дом.

Хари прво ја купил поголемата куќа која што чинела околу 10 милиони евра, а подоцна дополнително ја купил и помалата куќа вредна 4,5 милиони евра.

Овие недвижности имаат 10 соби, игротека, киносала и фантастични галерии.

Вилата ќе биде совршено бегство од неговиот хаотичен живот затоа што таа област каде што се наоѓа вилата е многу мирна.

Хари е „тежок“ 68 милиони евра, а за овој проект вложил половина од своето богатство.

– Хари е перфекционист и тој сака сè да биде совршено и по негова желба па поради тоа овој проект ќе биде малку поскап, но Хари знае како да управува со парите – изјавил негов пријател.

Ова не е прва недвижност што пејачот ја поседува. Кога имал 18 години тој ја купил првата куќа вредна 3,6 милиони евра во северниот дел од Лондон, која подоцна станала позната како „Барот на Хари“ затоа што таму многу често знаел да организира забави со своите пријатели.

Во 2016 година тој купил вила во Холивуд која има спа, кино, теретана и поглед кон океан, за 7 милиони долари.

ФОТО: Foto: ALNA / Backgrid UK / Profimedia

ФОТО: EPA / NIGEL RODDIS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...