Беса остана без претседателот на огранокот во Тетово, Газменд Алиу поднесе оставка

945

Разочарувачко е тоа што го искористивме светиот збор „Беса“, ја злоупотребивме религијата и нацијата трчајќи во коалиција со СДСМ, истакна Газменд Алиу, претседател на огранокот на Движењето Беса во Тетово.

Незадоволен од партиската одлука за коалиција со партијата на Зоран Заев, тој поднесе неотповиклива оставка.

„Ве известувам дека давам неотповиклива оставка од функцијата претседател на огранокот на Движењето Беса во Тетово и од денеска сите мои активности во оваа партија ќе престанат. Се надевам и верувам дека истото ќе го сторат и многу други чесни активисти кои напорно и со голема верба и посветеност работеа во изминатите години“, напиша Алиу на Фејсбук.

Тој вели дека Движењето Беса претставувало надеж за Албанците во земјава, но како што додава, гладта за власт на потесното партиско раководство ја турнало партијата во коалиција со СДСМ само за да се задоволат интересите на поединци.

„Ги скршивте сите партиски принципи и обврски“, напиша Алиу.

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...