МИА се огради од својот новинар Чилиманов за твитот за чичко Кумплуг

1916

Македонската информативна агенција (МИА) во целост се огради од твитот објавен на Твитер, на својот вработен новинар Цветин Чилиманов.

– МИА во рамки на своите надлежности ќе ги преземе сите мерки за утврдување на фактичката состојба и зачувување на угледот на Агенцијата, во согласност со законските прописи, информира МИА.

Од Информатовната агенција додаваат дека во рамки на своите надлежности ќе ги преземат сите мерки за утврдување на фактичката состојба и зачувување на угледот на Агенцијата, во согласност со законските прописи.

На Твитер, Чилиманов сподели твит од новинарката Валери Хопкинс на „Фајненшл Тајмс“ и над нејзиниот коментар ги повика таксистите ако таа им влезе во автомобил да се однесуваат како ликот Чичко Кумплуг од македонскиот филм „Самоуништување“, кој пак силуваше патничка.

Хопкинс пак во нејзината објава на Твитер напиша:

– Таксист од Скопје кој бојкотирал: Бугарија мисли дека нашиот јазик не постои. Србија не ни ја признава црквата. Грците ни го блокираат името, а имаме проблеми и со Албанците. Ние немаме никаков проблем, сите други имаат со нас…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...