Берлин бара да продолжи спроведувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција

212

Германија се приклучи на повиците упатени кон Македонија да го спроведе Договорот со Грција кој ќе го отвори патот на државата кон НАТО и ЕУ, пренесува БТА.

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за продолжување на Договорот, иако излезноста била мала.

Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија со НАТО и ЕУ.

Портпаролот на Меркел посочува дека цензусот од 50 проценти, што не беше постигнат, е премногу висок, бидејќи избирачките списоци вклучуваат многу луѓе кои одамна ја напуштиле земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...