Миа Крстевска освои злато и го урна државниот рекорд на 200 метри грбно

679

Младите македонски пливачи Миа Крстевска и Иван Симоновски освоија златни медали на традиционалниот пливачки митинг „11 април“ во Белград.

Крстевска победи на трката на 200 метри грбно со време од 2 минути, 21 секунда и 32 стотинки со што постави нов државен рекорд. Со овој успех пливачката исполни норма за настап на Европското младинско првенство и Младинската олимпијада оваа година.

Во дисциплината 100 метри пеперутка Симоновски го освои златниот медал со време од 57,66 секунди.

Поради овие резултати Македонија за прв пат по 21 година ќе има тројца пливачи на младинската Балканијада во Сараево, а освен Крстевска и Симоновски ќе настапи и Ана Јаневска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...